Мајки Кадена има 4 години и бил жртва на семејно насилство, а сега поради мала грешка повторно се враќа во рацете на неговата насилна мајка, која исто така е зависник од дрога. Неговата реакција во видеото покажува низ каков терор поминувало малото момче.
ПРвите две години од својот живот Мајки ги поминал кај неговата мајка Амбер Бук, во Илиноис, која била осудена за производство и користење метамфетамин. Во тој период бил извршен и преглед на малиот Мајки и биле забележани повеќе повреди, кои ги добил додека бил под грижа на неговата мајка.
Повредите вклучувале: тешки модринки, удари од цврсти предмети, траги од човечки заби на неговото тело, модринки околу очите, анално крварење, гребнатини на челото, изгореници од јажиња, изгорени прсти, рани, изместени колкови и прекумерни проблеми со забите. Сите овие повреди му биле нанесени на кутрото 2-годишно момче.
Нечовечната Амбер тогаш го изгубила старателството над нејзиниот син и неговиот татко, Мајк Кардена добил целосно старателство. Таткото на Мајки одлучил да се пресели заедно со синот во Масачусетс, две години подоцна, но не го известил судот за тоа.
Тогаш Амбер, мајката на Мајки побарала да му се одземе старателството на таткото, бидејќи нелегално ја напуштил државата со детето. Во видеото е прикажан моментот кога Мајки дознава дека повторно ќе се врати кај неговата мајка.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!