Херој на натпреварот меѓу „Сан Мигел“ и „Дефенсорес Унидос“, беше главниот судија Јаел Фалкон. Откако двајца фудбалери несреќно си ги удрија главите, едниот си го голтна јазикот и почна да се гуши, а судијата не чекаше да дојде медицинската екипа, туку веднаш му укажа прва помош на фудбалерот Исаис Олариага.