Канцеларијата на Шериф Каунти Каунти и Одделот за риби на Орегон почнале да добиваат повици од 4 јуни за мечка која им се доближувала на луѓето во популарниот парк Скогинс во близина на Хенри Хаг Езеро. Многу од луѓето ѝ давале на мечката храна и постојано била забележувана како јаде остатоци од храна.
Полицијата открила и голем број на селфи фотографии кои луѓето ги правеле со мечката. Властите неколку пати објавувале молби луѓето да не се доближуваат до мечката и да не ја хранат. Но, залудно.
Тогаш властите се организирале да ја пронајдат и да ја преселат младата мечка. Тие ја начекале како јаде сончоглед и печена пченка. Набргу тие го застрелале мечето.
„Ова е класичен пример за тоа зошто ги повикуваме членовите на јавноста да не ги хранат мечките. Беше многу јасно дека животното е премногу навикано на луѓе. Со тие информации, тоа беше ризик за здравје и безбедност на човекот, и моравме да го отстраниме.“, изјавил Курт Ласенс, биолог за дивиот свет.
Според нив кога се доближиле до мечката таа воопшто не се исплашила од нив, што значи дека би можела да биде ризик за луѓето понатаму.
Рик Сворт од Одделот за риби и диви животни во Орегон изјави дека ако мечката не била прилагодена на луѓето, животното можело да биде преселено, како што правеле со другите во минатото. Но прилагодена мечка е малку веројатно дека ќе се држи подалеку од луѓето, со што ризикот да се остави да се сретне со членовите на јавноста е премногу голем.