Брачна двојка од Орегон, САД, тврди дека нивното бебе се здобило со ужасни повреди нанесени од нивната бебиситерка, вклучувајќи и модринка во вид на дланка – но властите одбиваат да го доведат случајот до завршница. Џошуа Марбури и Алиша Квини тврдат дека го оставиле нивниот едногодишен син Џејкоб со негувателката и заминале на вечера. Кога се вратиле дома, го нашле нивниот син како вреска, а бејбиситерката во цврст сон.

dt01 dt02

Следното утро малиот Џејкоб бил целиот во модринки и тие веднаш го пријавиле инцидентот во полиција. Но, два месеци подоцна властите не покренале никакви обвиненија. Фрустрирана, Марбури ги објавил фотографиите со модринките на детето на Фејсбук. Наводно, бебиситерката се провлекла поради дупка во законот, според која жртвата треба опише низ што минала. Обвинителите изјавиле дека децата под петгодишна возраст не се способни да изразат „значителна болка“, а истото важи и за повозрасни деца со пречки во развојот или такви кои се плашат да истапат против своите злоставувачи. Ова значи дека возрасни лица би можеле да се извлечат со повредување деца, сѐ додека повредите не се премногу лоши, и законот вели дека модринките, отпечатоците од прсти и плитките исеченици не се доволни за да се покрене постапка.

dt03

Неговиот пост набргу станал вирален и привлекол повеќе од 150 000 споделувања и мноштво коментари дека ова е сурова и глупава пресуда. Мајката на Џејкоб раскажува дека кога дошла дома таа ноќ, мислела дека детето се измачкало со маркер. „Кога се сврте, целата негова десна страна беше модра“, вели таа, истакнувајќи дека стручно лице ѝ кажало дека повредите можеле да бидат кобни за нејзиниот син, кој имал модринки и на увото, раката и грбот. Иако модринките сега се повлекле, таа тврди дека инцидентот го променил нејзиниот син, и дека сега таа се плаши да го остави сам со некој друг.

dt04 дt05

„Ова не е нешто после што можеме едноставно да продолжиме“, велат родителите, кои бараат законот да биде променет. Дастин Стејтен, заменик главен обвинител на Вашингтон вели дека откако ги видел сликите, сфатил дека нешто треба да се преземе.

„Треба да се консултирам и со некои други луѓе во врска со фотографиите кои ги видов денес“, вели тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено