Аби Хејвуд, од Велс е студентка на ликовна уметност која дошла до генијална идеја да заработи многу пари на бизарен начин. Таа решила да снима видеа додека кива и да ги продава на луѓе кои ги „возбудува“ тоа.
18-годишната Аби дознала дека има луѓе кои сексуално се возбудуваат кога другите луѓе киваат и снима видеа и ги продава.
Цената за видеата почнува од 30 до 50 евра за обично видео, а за специјално видео понарачка каде што клиентот и кажува каде да кивне и дали да ги покаже стапалата, да разговара или слично цената оди над 100 евра.
Девојката вели дека благодарение на овој „бизнис“ успева да си го плаќа факултетот. За да може да кивне кога и да посака Аби си направила силиконско „дилдо за нос“ од кое што кива. Таа вели дека најмногу се плаќа „нарачаното кивање во јавност“ а еден клиенти и плати за да му прати видео на кое си ги лакира ноктите на нозете.
Таа може да кивне 11 пати во 5 минути. Сѐ започнало со видео кое Аби го објавила на Јутуб од шега каде што кива 37 пати во 1 час. Тогаш почнала да добива „непристојни“ понуди од луѓе на кои фетиш им е кивањето.