Студентка го обвинила модниот ланец H&M дека продаваат нереалистично мала облека, при што се снимила како се мачи да облече фармерки иако тие се означени како број поголем од нејзината големина.25-годишната Рут Клеменс која е докторантка на компаративна книжевност во универзитетот Лидс Тринити, ја објавила својата „фото сесија“ откако посетила продавница на H&M во Лидс. И покрај тоа што таа носи број 14, зела фармерки со број 16 во надеж дека ќе и бидат точни.

Кога се обидела да влезе во нив, видела дека се претесни, не можејќи да го закопча последното копче. Нејзиниот пост на Фејсбук собрал 65000 лајкови, близу 7000 коментари и бил споделен над 8000 пати. Во пораката која ја испратила до компанијата напишала:

„Како што сум сигурна дека сте запознаени, бројот 16 е најголемиот број кој го имате. И покрај тоа што сум висока 1.55 метри, јас не сум дебела и сум со просечна градба на телото. Веќе и така ми е тешко да најдам соодветна облека поради мојата височина, зошто правите фармерки кои се нереалистично мали?“

Дали модните дизајнери навистина претеруваат со нивниот „идеал“ за тоа како треба да изгледа нормалното човечко тело?

RUTH CLEMENS RUTH CLEMENS3 RUTH CLEMENS4 fm04 fm05

Сподели на Facebook
пати видено