Сибонгиле Мани, која е студент по сметководство на Универзитетот Волтер Сисулу во, Јужна Африка, месечно добивала 93 евра како надоместок за храна и книги. Но, компанијата која управува со надоместоците за финансиска помош на универзитетот, Intellimali, направила голема грешка и на сметката и испратила 930.000 евра.
За 27-годишната студентка се вели дека претрпела трансформација слична на Пепелашка, откако парите слетале на нејзината сметка. Носела наметки од 200 евра, облека од познати дизјанери и си купила нов Ајфон 7.
Таа исто така почнала да ги проши парите на нејзините најблиски пријатели. Им купувала скапа облека и со авион оделе на забави низ целата држава. Сомнежите се зголемиле кога на интернет се појавила фотографија од сметка на која пишувало дека Мани има повеќе од 60.000 евра на неа. Таа конечно била фатена од Самкело Мекхаи, заменик-секретар на Јужноафриканскиот конгрес на студенти (САСКО), кој ја пријави во Националниот фонд за финансиска помош на студенти.
Самкело Мекхаи изјавил за печатот: „Таа правеше роденденски забави за нејзините пријатели и ги опсипуваше со скапи подароци и ги носеше на настани каде што добиваше најдобри места. Кога го видов билансот на сметката што излезе на интернет веднаш се јавив во Националниот фонд за финансиска помош на студенти и тие потврдија дека првично на сметката имала 930.000 евра.“
Додека тие да ја откријат Мани таа трошела околу 700 евра дневно во рок од 2 месеци, што е неверојатен износ во Јужна Африка. Вкупно таа успеала да потроши „само“ 54.000 евра.
Еден нејзин колега изјавил: „Таа почна да живее живот на висока нога и се однесуваше како нејзината чанта да нема дно.“ Додека пак претседателот на здружението за заштита на правата на студентите, Золиле Замиса изјавил: „Шокирани сме. Ние неодамна протестиравме за илјадници студенти кои останаа без социјални стипендии поради недостиг на средства. Ова не смее да се случи повторно.“
Госпоѓицата Мани оттогаш тврди дека таа ја пријавила грешката до властите. Таа изјавила: „Денес мојот личен живот стана скандал на социјалните медиуми. Јас сум именувана и засрамна во јавноста. Денес, јас сум лоша личност, личност која украла пари на студенти. Именувана сум како крадец, но како што сите знаеме во секоја приказна постои вистина и има лаги со истата приказна.“
Мани не негирала ниту едно од обвинувањата и кажала дека подоцна ќе ја објасни нејзината страна од приказната, но таа избегала од кампусот, го декативирала Фејсбук профилот и се скрила од очите на јавноста. Портпаролката на Универзитетот вели дека девојката ќе треба да ги врати парите. Правни експерти истакнале дека Мани може да се соочи со обвинение за кражба.