Студентка од Лондон созададе нов вид на велосипед кој се движи нагоре и надолу, наместо напред и назад. Во иднина, „Vycle“ би можел да биде здрава алтернатива на лифтовите, а исто така зазема помалку простор и од скалите.
Елена Лариба, која студира во магистерската програма за инженерство и иновации во Кралскиот колеџ за уметност (RCA) во Лондон е креатор на оваа иновација и таа изјавила: „Во моментов постојат два главни методи за вертикален транспорт што преовладуваат во последните 100 години, скалите и лифтот. Скалите се обемни и непривлечни, особено во високи згради каде што луѓето не ги користат, а лифтовите бараат многу енергија со цел да се помести едно лице на неколку метри. Овој изум спаѓа во областа на можности кои што се наоѓаат помеѓу овие две методи.“
Иако „Vycle“ нема да започне со производство во скоро време, според веб-страницата на проектот, со малку повеќе развој, може да се покаже како идеална транспортна опција за борба против идните проблеми, бидејќи се повеќе расте популација.
Не само што уредот не бара многу простор, туку исто така е енергетски ефикасен и промовира поздрав личен и комунален начин на живот. Овие квалитети би биле од корист за „вертикалните градови“ во иднината.