Осум студенти по инженерство изградиле импресивна рекреативна летачка машина која ја нарекле „Snowstorm (Снежна бура)“. Развиен во Националниот универзитет на Синграпур, уредот сличен на дрон е сместен во лесна шестоаголна рамка и низ воздухот се движи со помош на дваесет и четири мотори кои се напојуваат со три литиумски батерии на полнење.

Надзорникот Јор Вајгл, чијашто е првичната идеја за овој проект, изјавил дека сакал да изгради машина која ќе им помогне на луѓето да го остварат својот сон да летаат.

„Бидејќи сега се лета во заедница. Луѓето сега можат да летаат со авион, но чувството дека летате се губи во целиот тој процес“, вели тој. „Така, Сноусторм е нашиот мултикоптер кој го враќа чувството на летање за секого којшто сака да лета.“

За жал, во моментот уредот може да се лета само во затворен простор, како последица на законските ограничувања, но тимот се надева дека ќе успее да го развие доволно за да се добие дозвола за летање.

„Тимот ќе продолжи да го дотерува Сноусторм, работејќи на механичките безбедносни мерки, конфигураците на моторите и пропелерите, како и контролниот софтвер и хардвер, за да се постигне високо ниво на безбедност, едноставност и изведба потребни за рекреативна употреба од страна на пошироката јавност“, изјави проф. Мартин Хенц, надзорник на проектот.

Сподели на Facebook
пати видено