Студент од Чикаго бил обвинет за силување на неговата 19-годишна колешка, наводно обидувајќи се да имитира сцени од филмот „Педесет нијанси сиво“. Деветнаесетгодишниот Мухамед Хусеин ја врзал жртвата, по што ја камшикувал, удирал и ја силувал во студентскиот дом во Универзитетот на Илиноис во Чикаго.

Хусеин, кој е бруцош на факултетот призанл за нападот, но на полицијата ѝ објаснил дека тие „изведувале сцени од филмот Педесет сенки сиво“.

mh-1

Според Чикаго Трибјун, Хусеин и студентката отишле во неговата соба, по што тој од неа побарал да се соблече. Таа го сторила тоа, останувајќи во нејзината долна облека. Потоа тој ги врзал нејзините раце и нозе со ремени, ѝ ја врзал устата со вратоврска и ѝ навлекол плетена капа преку очите, и ја удирал со ремен и покрај тоа што таа му велела да престане, плачејќи, а потоа и ја силувал.

mh-2

По нападот, девојката отишла во полиција и го пријавила. Хусеин признал дека „сторил нешто погрешно“ но инсистирал дека тоа го сторил во нејзина согласност, изведувајќи сцени од популарниот филм.

Популарниот филм е адаптација на истоимениот бестселер на британскиот автор Е.Л. Џејмс. Во филмот играат Џејмс Дорнан како перверзниот милијардер Кристијан Греј и Дакота Џонсон како студентката Анастасија Стил. Филмот е режиран од Сем Тејлор-Џонсон и веќе заработи над 410 милиони долари.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено