Дождовната шума Амазон, што го опфаќа северозападен Бразил и се протега во Колумбија, Перу и други земји од Јужна Америка, годинава има рекорден број на пожари.
Националниот институт за истражување на вселената открил 72.843 пожари во 2019 година, за 83 проценти повеќе од 2018 година.
Тие забележале и 9.507 нови шумски пожари, претежно сконцентрирани во Амазон, од четврток, 15 август. Неодамнешните сателитски слики објавени од НАСА, исто така, покажуваат дека чадот ги задушува јужноамериканските региони, додека беснеат пеколи.
Како резултат на пожарите, бразилскиот Сао Паоло и околните места да ги „проголта темнина“, откако чад оддалечен над 2.700 километри предизвика денот да се претвори во ноќ. Националниот институт за метеорологија соопшти дека градот е зафатен „во облак“.
„Чадот не потекнува од пожари од државата Сао Паоло, туку од многу густи и широки пожари што траат веќе неколку дена во Ронднија и Боливија. Студениот фронт го промени правецот на ветровите и го пренесе овој чад во Сао Паоло.“, изјавила Џоселина Пегорим, метеоролог.
Како резултат на немилосрдните пожари, се прогласи вонредна состојба во Амазон на границата со Перу. Дождовната шума е огромна предност во борбата против климатските промени – како еден од најголемите светски продавници за јаглерод, го забавува темпото на глобалното затоплување. Исто така поседува и разновиден животински свет од кој некои можат да се најдат само таму.
Областа не беше погодна за пожари во минатото, но поради зголемениот број суши и човечки активности – на пример, земјоделците што незаконски ја уништуваат земјата за сточарство – доведоа до зголемен број на пожари.