Малото момче е снимено како виси од панорамско тркало на височина од скоро 40 метри, откако испаднало и се заглавило во металните шипки на оградата. 5-годишното дете се нашло во оваа ситуација затоа што неговата мајка го оставила да се вози само на оваа опасна атракција.

Имено мајката на детето го убедувала управителот на панорамското тркало да дозволу нејзиниот син да се вози сам, затоа што таа не сакала да плати дополнителни 3 евра, за и таа да се вози со нејзиниот син, според правилата. Управителот го дозволил тоа и по неколку минути биле сведоци на страшна глетка, која можела да заврши фатално.

За среќа момчето по име Хиаолианг било вратено безбедно. Кога го спуштиле, веднаш бил однесен во болница бидејќи имал гребнатинки на вратот. Властите од регионот го затвориле панорамското тркало и полицијата спровела истрага во врска со инцидентот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено