Руби Холт добила предвремен роденденски подарок само неколку седмици пред нејзиниот 101 роденден. Руби за првпат во нејзиниот живот доби можност да допатува до брегот и да ги брцне нозете во водите на океанот.
Поголемиот дел од нејзиниот живот таа го минала во руралниот дел на Тенеси, собирајќи памук и одгледувајќи ги нејзините четири деца (надживувајќи три од нив). Благодарение на некои добри луѓе од нејзиниот старечки дом, нејзината желба да го почувствува благото ветре крај океанот најпосле се остварила.