Стивен Хокинг предупредува дека човештвото е исправено пред опасност да се уништи себеси во следните 100 години, како што брзо напредуваме на полето на науката и технологијата. Зборувајќи за Би Би Си, тој изјави дека додека напредокот секако е добра работа, тој исто така создава и „нови начини на кои нештата би можеле да тргнат наопаку“. Хокинг ја истакна нуклеарната војна, глобалното затоплување и генетички произведените вируси како можни предвесници на пропаста која сами ќе си ја донесеме.

hoking

Ова не е прв пат Хокинг да предупредува дека се соочуваме со катастрофа која самите ќе си ја предизвикаме. Во 2014 година тој кажа дека вештачката интелегенција би можела да „стави крај на човечката раса.“ Хокинг истакнува дека на крајот тој е оптимист, и верува дека можеме да ги надминеме проблемите со кои се соочува човештвото. Но, ако се случи најлошото, еден од начините на кои би можеле да го обезбедиме опстанокот на човечката раса е да имаме колонија на друга планета, како на пример на МАрс.

Но, тешко дека тоа ќе се случи во следниот век. Сугерирајќи дека глобалната катастрофа „речиси сигурно ќе се случи во следните илјада до десет илјади години, Хокинг вели дека следните сто години се најопасни, бидејќи сме премногу технолошки напреднати, без безбедно прибежиште на друга планета.

И покрај сѐ, Хокинг вели дека ова е „славно време“ за научниците, особено за теоретските физичари како него, со безброј нови откритија кои претстојат.

Сподели на Facebook
пати видено