Кога и самиот создател на iPad не им дозволувал на неговите деца да го користат, тоа значи нешто. Кога репортерот Ник Битон од Њујорк Тајмс го прашал Џобс дали на неговите деца им се допаѓа iPad, тој одговорил:

„Тие никогаш не го користеле. Дома имаме ограничувања во поглед на тоа колку и какви технологии ќе користат нашите деца.“

stevej-e1411065451342

Каков одговор! Помеѓу креаторите на технолошките иновации расте трендот на родители кои не им дозволуваат на нивните деца да ги користат нивните производи. Дури ги праќаат децата во училишта во кои воопшто нема пристап до компјутери и каде што на традиционален начин се учи за природата и уметноста.

„Моите деца мене и жена ми нѐ обвинуваат дека сме фашисти и дека премногу се грижиме“, вели Крис Андерсон, главен извршен директор на 3D robotics и татко на пет деца. Тој вели дека никој од нивните пријатели не применуваат такви правила. „Тоа е така бидејќи ние од прва рака сме запознаени со опасностите од технологијата. Сум го видел тоа, и не сакам тоа да им се случи на моите деца.“

Електронските уреди создаваат зависност, и тоа важи како за возрасните, така и за децата. Се разбира дека е добро децата да знаат да работат со компјутери, но да го прават тоа со почит и одговорност. Да ги употребуваат како нови помагала во учењето и комуникацијата, а не како замена за реалноста.

Сподели на Facebook
пати видено