Апокалипсата е близу – ни остануваат отприлика уште неколку минути – барем така покажува „часовникот на судниот ден“, кој минатата седмица се придвижи уште неколку милиметри кон исчезнувањето на човечката раса.

Тик-так, тик-так…

Тик-так

cs1

Часовникот на судниот ден бил создаден во 1945г. со цел да одбројува до глобалната катастрофа и да го потсетува човештвото дека сме осудени на пропаст. Првично бил конструиран од страна на научници од Проектот Менхетен но потоа дошол во рацете на „Билетинот на атомските научници“. Одборот се состои од управен одбор и одбор на спонзори, и во него членуваат 18 добитници на Нобелова награда, така што слободно може да се каже дека овие луѓе знаат што говорат.

Три минути до крајот на светот

cs2

На 22. јануари Часовникот на судниот ден се приближи до три минути до полноќ, што е најблиску до можноста за глобална катастрофа од 1984г. навака. Билетинот на атомските научници верува дека набргу сите ќе бидеме збришани како последица на „наглите климатски промени и трката во нуклеарно вооружување која резултира со модернизација на огромни арсенали.“ Не се спомнуваат никакви астероиди или зомби.

Часовникот се приближува кон пропаста

cs3

Последен пат сме биле толку блиску до апокалипсата во 1984г. кога комуникацијата помеѓу САД и СССР дошла до целосен застој. Во 1949г. часовникот покажувал 3 до 12 кога СССР ја направил првата нуклеарна проба. Во 1953г. човечката раса била на само две минути од целосно уништување кога САД за прв пат ја тестирале хидрогенската бомба.

Приказната за настанувањето

cs4

Откако САД ги фрлиле нуклеарните бомби врз Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна, двајца научници кои работеле за Проектот Менхетен започнале да објавуваат билетин за глобалната трка во нуклеарно вооружување. Во 1947г. научниците побарале помош од Мартил Ленгсдорф да осмисли корица за списанието на која ќе биде прикажан часовник кој отчукува. Оттогаш на корицата од секое издание на билетинот стои т.н. Часовник на судниот ден како симбол на целосното нуклеарно разорување. Во 2007г. часовникот бил преосмислен од страна на дизајнерот Мајкл Берут кој кој му дал осовременет изглед.

Одбројување до катастрофата

cs5

Морбидниот часовник првично бил осмислен како начин да се симболизира опасноста од нуклеарна војна, за што постоела голема загриженост кога била измислена во 1945г. Сега кон тоа се додава и опасноста од климатските промени и развојот на технологиите кои можат да му наштетат на човечкиот живот.

Времиња на безбедност

cs6

Од време на време, Часовникот на судниот ден ќе покажува и време на безбедност. Најдалеку од уништување човештвото било кога часовникот покажувал 17 до 12 во 1991г. кога САД и СССР го потпишаа стратешкиот договор за намалување на вооружувањето.

Не покажува време

cs7

Не сокривајте се во скривниците сѐ уште. Иако зад часовникот стојат научници, сепак тој самиот не е наука. Часовникот всушност треба да се разбере како метафора за ранливоста на човештвото и сеопфатното уништување кое ни виси над главите како Дамоклов меч.

Сподели на Facebook
пати видено