Земјоделец си купил млад петел да му ги почитува кокошките. Го пуштил во кокошарникот кај другите кокошки, а петлето веднаш отишло да му се перчи на стариот искусен петел:
– Од денес ова е мој кокошарник и ова се мои кокошки!
Стариот петел му рекол:
– Има уште сила во мене, не ме отпишувај така брзо. Ајде да се договориме вака: Ако успееш да ме фатиш во дворот кокошките се твои.
Се согласило петлето, стариот петел тргнал да бега, а младиот да го брка. Фармерот ги погледнал од страна, ја извадил пушката и го застрелал новиот петел:
– Тууу, што ќе беше ова?! Трет петел купувам и сите пе*ери се погодија!

Сподели на Facebook
пати видено