77-годишна живеела со мумифицираното тело на нејзината мајка во беден стан во Украина. Полицијата верува дека старицата го чувала телото на нејзината мајка околу 30 години, во станот полн со купишта ѓубре и весници. Полицајците го нашле телото што лежело на троседот покрај религиозни икони откако биле повикани на адресата во градот Николаев од страна на загрижените соседи.
Телото било облечено во бел фустан со покривка на главата, со сини чевли и зелени чорапи. Нејзината ќерка, сега постара жена, била пронајдена жива, но парализирана во двете нозе. Ја пронашле како лежи на подот. Во нејзиниот стан немало вода, гас или електрична енергија.
Во полицискиот извештај се вели: „За да ја спасат 77-годишната жена, полицајците ја повикале службата за спасување која помогнала да се пробијат во станот. Во една соба на подот лежеше жена опкружена со ѓубре. Пензионерката не можеше да оди и да побара итна помош. Беше повикана брза помош. При проверка на другите соби, полицијата пронајде мумифицирано тело на жена.“
Исто така во извештајот стои дека жената живеела сама и не комуницирала со нејзините соседи. Таа никогаш не ја отворила влезната врата.
И покрај тоа соседите се обидувале да се грижат за неа и ѝ оставале храна пред влезната врата. Никој не се сомневал дека внатре во станот има мртво тело. Телото е предадено на вештачење, а пензионерката е во болница. Полицијата веќе отворила истрага.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!