Времето е единственото нешто кое човек не може да го контролира. Тоа просто истекува и често покажува дека не сме го поминале правилно. Ете зошто една 99-годишна жена од Холандија посакала да исполни список со желби пред да умре. Жената, чиешто име е Ани, му споделила на својот внук дека никогаш не влегла во затвор и никогаш не била казнувана. Добриот внук ја ислушал нејзината желба и заѕвонил во полиција, објаснувајќи ја чудната молба на неговата баба.

Полицајците исто така биле изненадени, но на крајот на седмицата решиле да одговорат на болбата, притворајќи ја жената со лисици на рацете. Ани минала само неколку минути во ќелија, но очигледно искрено се забавувала, по што самата полиција ги објавила сликите на својата фејсбук страница. Властите објасниле дека малкумина ќе го добијат правото на таа услуга, и за Ани тоа е еден сериозен исклучок во поглед на службените овластувања и прописи.

Сподели на Facebook
пати видено