Кетрин Бумон, актерката која го позајмила гласот на Алиса во „Алиса во земјата на чудата“ на Дизни, како и на Венди во „Петар Пан“, исто така послужила и како модел на аниматорите. Овие стари фотографии покажуваат колку многу напор и труд биле вложени во класичните анимации на Дизни, при што аниматорите можеле да изработат анимации во траење од само 23-24 секунди неделно.
Волт Дизни ја избрал Бумонт да биде гласот на Алиса кога таа имала само десет години. Исто така, бил толку многу впечатлен од нејзиниот изглед, што ја избрал и за модел на Алиса. Откако Бумонт ги завршила своите студии, таа станала учителка во основно училиште, кариера која траела триесет години. Во 1998 година компанијата Волт Дизни ја прогласиле за „Дизни легенда.“