Во домот за стари лица „Провиденс Маунт Св. Винсент“ во Сиетл , каде што живеат 400 постари возрасни лица, посетата не се однесува само за членовите од нивните семејства. Пет дена во неделата, „Провиденс Маунт Св. Винсент“ нуди целодневна грижа за 125 деца, на возраст од 6 месеци па се до 5 години. Во овој „дом за сите“ децата и возрасните имаат можност да комуницираат во планирани активности како што се музика, уметност и раскажување приказни и да се вклучат во разговор и спонтани средби низ кампусот.
Благодарение на програмата, станарите во домот за стари лица (просечна возраст: 92) добиваат придобивки од поголемо време поминато во социјална интеракција, физичка активност и поголемо чувство на самопочит од играње со децата, а децата се развиваат во вид на пошироко семејство и учат за стареењето и начинот на кој живеат овие луѓе. Фотографката Ана Симонак ја посетила оваа „две во едно“ институција и направила прекрасна фотосесија која ќе Ви ги стопли срцата.