Ова е шокантниот миг кога пензионер со боречки зафат дисциплинира момче кое одбивало да ги симне нозете од седиштето. Британската транспортна полиција потврдила дека постар човек го нападнал детето на железничката линија од Клитеро до Манчестер Викторија. Сликите од настанот масовно се споделуваат на социјалните медиуми.
Детето патувало со уште двајца свои другари, сите на возраст од осум до единаесет години. Тие седеле со нозете качени на седиштата, кога им пришол човекот, кој е на возраст од околу седумдесет години и ги замолил да ги спуштат нозете долу. Тој неколку пати го повторил истото барање, и во еден миг се решил на подрастични мерки. Сведоците велат дека човекот се однесувал како „американски полицаец“, а момчето се расплакало. Една жена која седела во близина неколку пати му кажала на човекот да престане и да го пушти детето. Потоа децата патувале во нејзина придружба до следната станица, кадешто ги пречекал персоналот на Нортерн Рејл.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!