Еден глушец забележал дека сопственикот на куќата ставил стапица за глувци. Тој им раскажал за тоа на кокошката, овцата и кравата. Побарал помош од нив за да ја отстранат стапицата, но тие едногласно одговарале:
– Оваа стапица е твој проблем. Тоа нас не ни влијае, бидејќи нема никаква врска со нас.
Еден ден во стапицата се фатила змија која ја каснала жената на сопственикот.
Обидувајќи се да ја излекува жената направил пилешка супа. Потоа ја заклал овцата, за да ги нахрани сите кои дошле да ја посетат болната. На крај ја заклале и кравата, за да ги нахранат гостите на погребот. Целото тоа време глувчето гледало што се случува од дупката и си размислувало за работите со кои никој немал ништо заедничко.
Поука: Помогни им на другите, ќе си помогнеш себеси.

Сподели на Facebook
пати видено