Глувчето забележало дека сопственикот на фармата поставил стапица за глувци. Глувчето им кажало за тоа на кокошката, овцата и кравата и побарало помош од нив.

На тоа тие му одговориле:
Стапицата за глувци е твој проблем, а не наш!
Малку подоцна во стапицата се фатила змија и ја каснала жената на фармерот. Обидувајќи се да ја излечат и свариле супа од кокошката.
Потоа ја заклале овцата, за да ги нахранат сите кои дошле да ја посетат жената. И на крај ја заклале кравата за да ги нахранат гостите на погребот.
За целото време глувчето гледало од дупката и си мислело за нештата кои се туѓ проблем додека не станат и твој.

Народот убаво рекол: Ако мечката игра кај комшијата ќе дојде и кај тебе.

Бидете сложни и помагајте си меѓу себе, така полесно и побезболно се решаваат проблемите.

 

Сподели на Facebook
пати видено