Кога едномесечното бебе Конор позирало за прекрасна есенска фотосесија, никој не очекувал дека ќе се појави срна! Срната Меги, омиленото животно во државниот парк Сем Хјустон Џонс во Луизијана била спасена и хранета на рака од раѓање, па така таа немала проблем да позира пред камера и случајната средба да ја претвори во прекрасна бајка.
„Меги беше хранета од рака како младенче, па така таа е многу опуштена со луѓе“, вели фотографот Меган Рајон. „Но секогаш се грижев да има некој крај бебето, бидеји срната е диво животно. Ја видовме во пет различни слики. Дури не ни знаев дека ќе се покаже на местото кадешто сакав да сликам.“