Средношколец од Тексас, САД, кој завршил како бездомник по смртта на неговата мајка, матурирал како најдобар ученик во неговиот клас, па дури успеал да освои целосна стипендија за неговото понатамошно образование. Мајката на Лиџон ДеСилва починала кога тој имал само пет години. Оттогаш живеел кај разни роднини, но по извесно време завршил напуштен и сам, спиејќи по паркиралишта или на клупи во паркови. Но, и покрај сѐ, редовно посетувал настава.

ds01

„Што требаше да правам? Или тоа, или требаше да завршам како никаквец. Можев да отфрлам сѐ. Но, кога имам шанса, зошто да не ја искористам и да напредувам?“ вели ДеСилва.

ds02

Веќе ја завршил својата трета година средно во училиштето Маргарет Лонг Виздом, кога вработените во училиштето дознале дека еден од нивните најдобри ученици живее на улица. Директорот Џонатан Трин решил со свои сопствени средства да му плати престој во хотел, а советничката Џесика Смит нашла некој кој му овозможил на ДеСилва да престојува во неговиот дом без да плаќа кирија.

ds03

Со покрив над главата, ДеСилва можел да се концентрира на учењето и во мај го завршил училиштето меѓу најдобрите во својата генерација. Професорката Жакета Дан била восхитена од неверојатната дисциплина и волја на нејзиниот ученик и покрај сите неволји низ кои минувал.

„Невообичаено е да сретнете дете кое минува низ толку многу предизвици, но сепак продолжува да се труди“, вели таа.

ds04

ДеСилва освоил и целосна стипендија за колеџот Карлтон, благодарение на препораката на еден од неговите професори. По толку тешко минато, конечно му се насмевнува една подобра иднина.

ds05

Сподели на Facebook
пати видено