Градски автобус во Скопје рано наутро. Еден спроти друг седат средношколец и една баба. Средношколецот седнал со раширени нозе, гласно џвака мастика со отворена уста. Бабата постојано го гледа, а и средношколецот од време на време погледнува во неа. По некое време бабата му вели:
– Ти ми раскажувај сине, раскажувај… ама баба е глува, ништо не слуша…