Генијалното дело на белгискиот иноватор Џон Џозеф Мерлин и ден денес ги воодушевува луѓето со својата комплексност и убавина. „Сребрениот лебед“ е во природна големина, а денес се наоѓа во музејот Боус во Англија. Според некои стари документи, „Сребрениот лебед“ бил висок 91 сантиметар, па се претпоставува дека имало водопад позади него, кој во денешната верзија недостасува.