Една храбра жена одлучи да не го сврти погледот и да види што се случува додека била на своето работно место и ја извршувала стандардната рута во Висконсин. Никол Чембрлен ги виде двете млади за време на нејзината рута со автобусот во 8 часот наутро. Надвор времето било студено, паѓало снег и дувал силен ветер.
Никол која со години работи како возач на автобус, веднаш штом го видела 6-годишното момче без јакна и 2-годишното девојче само по пелена застанала и ги намолила децата да влезат во автобусот за да се стоплат. Тие велеле дека ја барале баба им, а таа им кажала дека ќе ја најдат. Така жената ги однела децата во полиција, а пред тоа го покрила девојчето со јакна.
За среќа бабата на децата дошла во полициската станица за неколку минути. Таа им кажала дека вршела некоја работа во подрумот, а децата најверојатно тргнале да ја бараат и залутале долж улицата. Децата ѝ биле вратени и не биле покренати било каков вид на обвинувања. Никол вели дека е и таа е мајка и разбира дека вакво нешто можело да се случи на секој, но дека би сакала да има повеќе луѓе кои би застанале да помогнат.