8-годишниот Морис Адамс Џуниор е „фатен“ на камера како помага на старица да се качи по скалите. Рајли Данкан го снимил видеото и го објавил на Фејсбук со наслов: „Фала ти Господе за нашата младина“. Момчето не знаело дека некој го снима. Момчето излегло од автомобилот на неговата мајка за да и помогне на жената. Мајката на Морис, Контриција, вели дека нејзиниот син ја прашал: „Може ли да излезам и да ѝ помогнам по скалите?“. Контриција вели дека старицата не му го кажала името, но му кажала дека „е посебен“.