Мејси Диксон никогаш не поминала една ноќ далеку од нејзиниот татко Крис, сè додека не отишол во болница за да му се отстрани мочниот меур. Крис бил дијагностициран со рак на мочниот меур пред шест години и бил подложен на неколку круга хемотерапија – но продолжил да добива нови тумори.
Мејси очекувала тој да биде во болница две недели додека да се опорави од исцрпувачката девет часовна операција. Но, таткото на три деца се вратил во Ланкашир по само девет дена и решил доаѓањето да биде изненадување за неговата најмала 8-годишна ќерка.
„Знам дека не звучи како долго време шест години, но кога живееш низ тоа, се чувствува како шеесет години. Бев во агонија по операцијата. Сè уште сум, но барем моите деца ќе можат да се будат со жив татко покрај себе. Мејси веќе шест години ме гледаше како се борам со карцином, и тоа влијаеше и врз неа.“, вели Крис.
Мејси вели дека е „најсреќното девојче на светот“, додавајќи: „Татко ми е мојот најдобар пријател и јас мразам кога е во болница, сега го добив назад без карцином до крајот на животот“.