Овој момент слепиот слон никогаш нема да го заборави, затоа што конечно била прифатена од ново стадо во место каде што припаѓа. Слонот Плој Тонг во видеото испраќа ниски вибрации за да им соопшти на останатите слонови дека е таму.
За кратко време групата го забележала и се упатила да се запознае со слепиот слон, со нежно допирање на сурлите.
Слонот сместен во Парк на природата на Тајланд, бил спасен од циркус од страна на Фондацијата за зачувување на слоновите. Плој е слеп и на двете очи и се проценува дека има околу 30 години. Претходно носел „превезувал“ туристи во Патаја регионот, цели 16 години, користејќи ја само сурлата за да намириса каде да се движи. Исто така слонот „работел“ во циркус.
Фондацијата која ја спасила успеала да победи во битката да го одземе слонот од сопственикот и да го спаси од носењето на туристи во текот на целиот ден, секој ден. Вработените во паркот се надеваат дека Плој конечно ќе може да биде среќен слон.