И после кажете дека животните не чувствуваат и не разбираат. Снимен е невообичаен момент кога млад лав се обидел да ја извади стрелката за успивање од телото на неговата придружничка. Лавицата била погодена со стрелка во резерватот Ол Пејета во Кенија од страна на стручни лица кои го набљудувале движењето на лавовите и забележале дека лавицата има проблем со шепата, па сакале да ѝ помогнат. Откако го погодиле вознемиреното животно, еден лав во близина се стрчал да помогне на женката, обидувајќи се да ја извади стрелката со заби.