Во видеото е прикажан срцезатоплувачкиот момент во кој група на деца во градинка, во Тенеси, САД, му приредиле изненадување на нивниот повремен негувател, кој е глув. Децата му ја пеат песничката „Happy Birthday“, а во исто време го користат и американскиот знаковен јазик.
Неизмерна среќа може да се види на лицето на човекот познат само како г-дин Џејмс, кој го прославувал неговиот 60-ти роденден.