Мајката на детето кое било силувано во базен во Австрија од страна на дваесетгодишен мигрант, кажала дека жали што ги учела децата да бидат гостопримливи кон мигрантите и одбраната на човекот за стореното дело ја опишала како „едноставно монструозна.“

Дуња по потекло е од Србија и самата пристигнала во Австрија како мигрант, бегајќи од војните во деведесеттите. Таа секогаш ги учела своите пет деца да ја понудат истата гостопримливост кон дојденците на истиот начин на кој и таа била добро примена кога пристигнала во земјата.

Кога го слушнала правдањето на Ирачанецот дека тоа го сторил затоа што имал „преголема сексуална енергија“, таа не можела да се соземе од шок. Момчето, чиешто име е Горан, било хоспитализирано со сериозни повреди, и по нападот секоја ноќ заспива во солзи, споделува неговата мајка.

Mothers Speaks Of Pain Over Asylum Rape Son

За локалните медиуми Дуња раскажала дека е самохрана мајка која се борела со беспарица, но ги воспитала своите деца немаат предрасуди кон другите луѓе. Но, кога слушнала како силувачот се правдал дека тоа било „сексуална итност“, посакала своите деца да ги научила на поголема предострожност кон непознатите луѓе.

gr04

„Не можев да поверувам кога го слушнав тоа. Јас сум од Србија, и пет години живеам во социјално живеалиште заедно со луѓе од многу други народи. Со сигурност не би можеле да ме наречете расист, но да се обидете да се браните на таков начин е просто монструозно. Тоа би било како јас утре да појдам во банка, да ја ограбам и после да се правдам за тоа велејќи дека немам доволно пари за моите пет деца.

Знам дека неговите телесни рани ќе заздрават, но раните на неговата душа можеби никогаш нема да заздрават.“

gr01

Ирачанецот на полицијата ѝ кажал дека знае дека таквиот чин е забранет насекаде во светот, и дека тој не бил „отсекогаш болен“, дека има жена и ќерка во Ирак. Тој во Виена работел како такси возач, и наводно осознал „дека тоа беше грешка“ и не мислел да го повреди момчето, известува Кронен Цајтунг.

Малиот Горан многу го сакал пливањето, и мајка му му дала неколку евра да појде во локалниот базен во квартот Мајдлинг во Виена.

„Тој беше толку среќен поради тоа што доби пари, и по училиштето тргна право таму, така што не очекував веднаш да си дојде дома.

gr03

Три часа откако му завршија часовите, добив телефонски повик од него и го слушнав како плаче. Не можев да разберам ниту збор, но тогаш некој ја зеде слушалката и ми кажа – Ве молам дојдете веднаш, вашето дете беше сексуално злоставувано.“

Веднаш се стрчала кон базенот и била поразена кога погледнала низ стаклото на вратата и го видела синот во солзи, а крај него човек со лисици на рацете. Со неа била и нејзината сестра, и полицијата морала да интервенира за да не го нападне силувачот на самото место. Човекот бил во базенот со некој петнаесетгодишник кој на некој начин бил поврзан со него, па Горан првин стапил во контакт со петнаесетгодишникот, кој потоа го запознал со напаѓачот. Кога потоа Горан влегол во својата соблекувална, Ирачанецот упаднал разбивајќи ја вратата.

„Не сакам да го депортираат“ вели Дуња. „Сакам да го затворат, бидејќи сум чула дека во затвор им прават гадни работи на силувачите. Сакам во затвор да доживее сѐ што може да доживее еден педофил. А дури потоа да го депортираат.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено