Претседателските кандидати ќе потрошеле 10 милиони евра од државниот буџет, за утре да нѐ резилат пред светот. Политичари, трпението на македонскиот народ е при крај, колку и да ви изгледа дека се смирила работата.
Авторот на фотографиите Тихомир Костадиновски напиша:
Во ек на незнам какви кампањи некој од било кој медиум ќе преземе ли нешто за детско одделение во Кочани? Во време кога нашите пари ги фрлаат за разни глупости дали има некој што ќе направи нешто за децата не само од Кочани? Уверен сум дека ваква е ситуацијата во целата држава на сите детски одделенија и затоа прашувам дали има некој што ќе направи нешто не лани, не догодина туку сега ако имате барем малку …. ако не бидете живи и здрави.