Неколку видови цвеќиња се познати по тоа што се отвораат и затвораат како механизам за одбрана и заштеда на енергија. Овој еволутивен механизам наречен никтинастија бил инспирација за Студио Дрифт да ги дизајнираат „Срамежливите светилки“, кинетички светилки кои драматично се отвараат за време на нивното 9-метарско спуштање надолу. Движењето имитира цутење на цвет додека полека се отвора како падобран. Една колекција од овие инсталации биле поставени за постојано во музејот Ријкс во Амстердам.