Сместена во Грузија, на границата помеѓу Европа и Азија, пештерата Крубера е најдлабоката позната пештера во светот. Нејзините пространи и сложени тунели и премини се спуштаат во длабочините, и никој со точност не знае колку длабоко одат.

ps01

Пештерата Крубера, уште позната и како пештерата Вороња, се наоѓа во масивот Арабика, на брегот од Црното Море во Абхазија, регион кој се отцепи од Грузија, и претставува најдлабоката пештера во светот. Пештерата е прекрасно обложена со прекрасен варовник.

ps02

Вороња, што значи „кравја пештера“ на руски, е жаргонски израз употребуван од украинските истражувачи за време на 1980-те. Тоа се должи на фактот дека на влезот на пештерата често доаѓале крави.

ps03

Пештерата Крубера се спушта 2543 метри во земјата. Тоа отприлика е еднакво на височината на шест и пол Ајфелови кули. Истражувачите сѐ уште откриваат нови длабочини во оваа величествена пештера.

 

ps04

 

Оваа мапа ги покажува разните тунели кои ги откриле истражувачите, како и каде се ги поставуваат своите кампови.

ps05

Во 2007 година, украинскиот спелеолог Генади Самохин се спуштил подлабоко во наизглед бескрајната пештера од било кој пред него, спуштајќи се подлабоко за 45.7 метри. Во 2012 повторно го срушил рекордот за нови 51.8 метри.

ps06

Во 2005 година, Самокин организирал масовна експедиција со 56 други спелеолози, за време на што понеле пет тони опрема во бездната. Пред да постават камп, тимот на Самохин морал да ја покрие планиранат далеична од 609.6 метри дневно. Истражувачите се спуштале речиси 29 часа дневно, дури и низ студена вода.

ps07

Спелеолозите употребуваат боја за да обележат колку длабоко истражиле и да покажат уште колку има да се оди во внатрешноста на пештерата Крубера.

ps09

Патеката во пештерата е формирана од повеќе јами и мали ходници, коишто се длабоки преку деведест метри и поврзани со тесни премини.

ps10__

Има и вирови со свежа вода расфрлани низ пештерата. Водата е природно филтрирана низ варовникот. Оваа пештера е вистинско чудо на природата.

Сподели на Facebook
пати видено