Според нови претпоставки, Големата експлозија никогаш не се случила. Тоа не значи дека ова ги прави точни креационистичките теократски верувања, токму спротивното. Оваа нова квантна равенка сугерира дека вселената просто нема почеток ни крај!

New Model Suggests The Big Bang Never Happened

Истражувачите направиле нов модел кој ги применува најсовремените сознанија од квантната механика и теоријата на релативитетот, и според резултатите, универзумот просто од секогаш постоел.

Според досегашната општоприфатена теорија, вселената е стара 13.8 милијарди години, и во еден миг, сѐ што денес постои било напикано во една малечка точкичка – почетна гравитациска сингуларност, нешто што било толку густо што не може да се согледа ништо пред него. Потоа тоа нешто експлодирало и се случила Големата експлозија (Биг Бенг).

„Гравитациската сингуларност на Големата експлозија е најсериозниот проблем во Општата теорија на релативитетот, бидејќи таа просто ги крши законите на физиката“ вели Ахмед Фараг Али од египетскиот универзитет Банха

Али овој проблем го решил така што создал нов модел на вселената, модел во кој таа е бесконечна и во кој нема простор ни за „Големото собирање“ (Big Crunch), теорија според која вселената во даден миг повторно ќе се стутка во себеси.

„Од космолошка гледна точка, научниците сметаат дека квантните корекции можат да се сметаат како поим за космолошка константа (без потреба за темна енергија) и поим за радијација,“ вели Лиса Зига од Phys.org. „Овие поими прават универзумот да биде со конечна големина, а според тоа и со бесконечна старост. Ова се совпаѓа и со досегашните набљудувања на космолошката константа и густината на вселената.“

Според оваа хипотеза, вселената е исполнета со нешто што се нарекува квантна течност, која можеби е исполнета со гравитони. Гравитоните се хипотетични честици кои немаат маса ни гравитациска сила. Оваа теорија е поткрепена со научен труд кој покажува, барем теоретски, дека на температура на вселената гравитоните можат да формираат Бозе-Ајнштајнов кондензат.

Според друга хипотеза, Големата експлозија создала две паралелни вселени од кои едната се движи напред, а другата назад во времето.

Се разбира, овој нов модел ќе треба постојано и постојано да се анализира и преиспитува за евентуално некогаш да биде прифатен како точен, но ако се покаже како вистинит, може сосема да го измени начинот на кој го восприемаме нашето постоење и да разреши многу недоследности во нашите досегашни претстави.

Сподели на Facebook
пати видено