Способноста да се создава и разбира уметноста често се зема како пример за тоа што ги издвојува луѓето од остатокот од животинското царство. Но, истражувањта покажуваат дека кога станува збор за ценењето на естетиката, дефинитивно не сме единствени. Не само што е симпатично кога животните се креативни, туку тоа и ни помага подобро да го разбереме нивното однесување и начинот на кој тие го доживуваат светот. Информациите за тоа како животните ги гледаат нештата и боите може исто така да помогне да се создадат попријатни услови за нив во установи како зоолошките градини, со што ќе им се подобри здравјето. Кои се животните кои создаваат „уметност“.

1. Горилите

sl1

Коко, познатата женка горила којашто може да „зборува“ со помош на знаковен јазик, исто така знае и да слика. Не само што слика, туку исто така може да опише што е тоа што го слика за нејзините човечки пријатели. А исто така има и свое мислење за уметноста. Во еден случај своето недопаѓање го изразила така што означила „тоалет“ над сликата која не ѝ се допаднала, а во друг случај означила „Коко сака“ за една слика насликана од друг примат, шимпанзото Ал. Сликите на нас ни изгледаат апстрактни (или како чкрапаници), но се чини дека Коко на нив гледа на поинаков начин.

2. Шимпанзата

sl2

Ова е дело на шимпанзото Моџа, коешто од страна на авторот е наречено „Птица“. Има извесни дебати во врска со тоа на кој начин животните ги именуваат своите дела, но шимпанзата многу наликуваат на нас кога станува збор за креативниот процес. Негодуваат ако ги прекинете во процесот на создавање, а кога проектот ќе го сметаат за завршен, понатаму одбиваат да го менуваат. Не е лесно да се определи мотивацијата или мисловниот процес зад ова однесување, но се чини дека креативниот импулс не е својствен само за луѓето.

3. Слоновите

sl3

Нема спор дека слоновите се неверојатно интелегентни, со социјални ритуали многу слични на човечките, а исто така покажуваат и слични чувства – на пример, и слоновите плачат кога се тажни. Слоновските уметнички дела се познат феномен, но научниците спорат во врска со тоа дали се работи за автентична креативност или само за научено однесување. За разлика од мајмуните, слоновите не им даваат име на своите дела. Слоновите можат да видат само две нијанси, сино-виолеетова и жолто-портокалова. Сепак, „слоновската уметност“ се продава од разни организации со цел да се соберат средства за зачувување на слоновите.

4. Делфините

sl4

Како и слоновите, и делфините можат да се обучат да создаваат уметност со помош на четкичка вградена во пловка која можат безбедно да ја држат во устата. Но, по нивната обука се случило нешто интересно. Ерин Вајс, кога ги тренирала делфините, забележала дека секој од петте делфини сликари кои биле обучени си имале свој метод на обележување, што посочува кон определена форма на естетски суд. Но, бојата во случајов нема никакво значение, бидејќи делфините имаат монохроматски вид и гледаат само зелено. Со оглед на тоа дека делфините сликаат само за забава на луѓето, ова поттикнува извесни дебати во врска со етичката оправданост на овие дејства.

Сподели на Facebook
пати видено