Контроверзното видео од четиригодишно момче кое брзо ја репетира и го повлекува чкрапалото на пушката е мета на критики од милиони луѓе.
Видеото е снимено на конвенција за оружје во Далас, САД, каде што се собрале десетици илјади поддржувачи на Вториот амандман.
Во видеото, четиригодишниот Маверик со гордост ги покажува своите вештини на пушката Бергара, додека го поддржува Кендал Џонс, обожавателка на оружје и професионален ловец. Џонс го опишува момчето како „одлично родителско воспитување“ и ги опиша неговите напори како „неодоливи“.
Голем дел од критиките завршија на сметка на Џонс, затоа што охрабрува мало дете да се игра со смртоносно оружје, кога на тие години треба да се игра со играчки. Останатите критики се на сметка на неговите родители, кои всушност „дозволиле“ детето да научи ваква „вештина“.
На 147-мата конвенција од ваков тип еден од говорниците бил и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!