Кучето навистина знае кога му се лутите. Ново истражување спроведено од истражувачи од Линколновиот универзитет во Велика Британија откри дека кучињата можат да ги препознаат чувствата на другите кучиња, како и на луѓето. За научниот труд, објавен во списанието „Билоџи ледерс“, истражувачите на кучињата им покажувале слики проектирани на екран , на кои кучиња и луѓе изразувале позитивни и негативни емоции (среќни/разиграни ли гневни/агресивни). Додека ги гледале сликите, им биле пуштани звуци на лаежи, како и човечки глас кој зборувал португалски (јазик кој на овие кучиња им бил непознат). Истражувачите тестирале дали кучињата повеќе внимание посветувале на лицата или на звукот кој соодвествувал на сликата. Било да се работело за слики на кучиња или или луѓе, кучињата-испитаници повеќе внимание обрнувале на сликите отколку на звукот.
Додека луѓето сосема природно мислат дека нивните миленичиња можат да ги разберат нивните чувства, ретки се ригорозно научните докази за препознавањето на чувствата во светот на животните. Овој наод, според истражувачите, е доказ дека кучињата можат да препознаат изрази на чувство било од визуелни или звучни дразби, и двете ги комбинираат за да откријат како се чувствува другото живо суштество, што е прв научен доказ дека нечовек има вакви способности. Претходни истражувања докажале дека приматите, па дури и други социјални суштества како овците, имаат способност да препознаваат чувства во рамките на нивниот вид, но оваа студија сега научно го докажува тоа што сопствениците на миленичиња отсекогаш го знаеле.