Спиењето е прекрасно нешто. Го одмора и обновува нашето тело, но и одзема од нашето активно време, при што во текот на еден просечен живот, човек преспива околу 26 години. Кога ќе се измориме, едноставно сакаме да ги затвориме очите и да се исклучиме од се. Но и сонот е поврзан со некои неверојатни факти. Еве некои од нив.

1. Луѓето се единствените цицачи кои свесно го одложуваат спиењето.

odlozuvanje-spienje

2. Апнеа при спиење, или престанок на дишењето во сон е најчестата причина за нарушување на сонот.

Man Keeping Woman Awake In Bed With Snoring

3. И сонот влијае врз вашата телесна тежина. Ако не сте доволно наспиени, вашето тело ве тера да јадете повеќе поради намаленото ниво на лептин.

sn03

4. Луѓето порано спиеле во сегменти. Пред откривањето на електрицитетот, наместо да ја преспиваат целата ноќ, луѓето ќе преспиеле неколку часа, ќе се разбуделе, читале, пишувале, ќе се дружеле, молеле и потоа пак ќе преспиеле неколку часа пред да се разбудат следниот ден.

sn04

5. Останувањето буден цела ноќ никогаш не е добро. Ако останете будни шеснаесет часа по ред, способноста на вашиот мозок да функционира е намалена, слично на чувството кое го имате со 0.05 отсто алкохол во крвта.

sn05

6. Колор телевизијата го измени начинот на кој сонуваме.Пред да се појвави колор филмот, само 15 отсто од луѓето сонувале во боја. Денес тој процент пораснал на 75.

sn06

7. Повисоката надморска височина ги зголемуваат изгледите за нарушување на сонот. Тоа се должи на недостатокот од кислород во воздухот.

sn07

8. Можете да ги контролирате вашите сништа. Тоа се нарекува луцидно сонување и вклучува свесност за тоа дека се работи само за сон, но не дозволувате вашиот ум да се разбуди.

sn08

9. Сонуваме со причина. Според некои теоретичари, соништата се толку сложени и чудни бидејќи ви овозможуваат да размислувате критично и да решавате проблеми кога сте будни.

Girl hovers and sleeps.

10. Ако се разбудите за време на сон на некој убав сон и сакате да продолжите да го сонувате, затворете ги очите и опуштете го вашето тело, има шанса пак да продолжите таму кадешто сте застанале. Не успева секогаш, но вреди да се проба.

Snoring

11. За време на РЕМ фазата, на мажите им се случува ноќна ерекција. Научниците не се сигурни за точната причина, но се претпоставува дека тоа е поради полниот мочен меур.

sn11

12. На сон сексот може да биде добар исто колку и на јаве, при што се доживуваат силни оргазми.

sn12

13. Соништата можат да ја предвидат иднината. Според повеќе анкети, третина од луѓето на нашата планета сонувале нешта кои подоцна навистина се случиле.

sn14

14. Сонувате само лица кои веќе сте ги виделе. Можеби не ги препознавате во вашите сништа, но тоа секако се луѓе кои некогаш сте ги виделе. Нашиот ум не е способен да создаде ново лице.

sn15

15. Кога ќе се разбудите и сте свесни за се околу себе, но не можете да се придвижите ниту да проговорите, тоа се нарекува парализа при спиење. Кога следниот пат ќе ви се случи, не паничете, бидејќи поминува бргу.

sn16

16. Дали секогаш се чувствувате малку уморни после ручек и мислите дека треба да се одморите после јадење. Всушност, човечкото тело е најуморно двапати во текот на денот – во два наутро и во два попладне.

Exhausted young businessman yawning at work in office

17. Вежбањето помага за добар сон. Физичката активност секогаш помага, но ако тоа го правите непосредно пред спиење, ќе има обратен ефект.

sn18

18. Положбата на вашето тело при спиењето е поврзана со вашата личност. На пример, спиењето во фетусна положба претполага дека некој копнее да биде во својата удобна зона, а спиењето на грб со рацете на страна значи дека таа личност е дисциплинирана и има високи очекувања за себе.

spienje

19. И слепите луѓе и животните. Руѓето родени слепи не сонуваат слики, но сепак сонуваат со нивните други сетила. Тие кои ослепеле подоцна во животот сонуваат слики. А ако вашето куче прави движења додека спие, тоа значи дека исто така сонува, веројатно како брка некоја мачка која не успеал да ја фати во текот на денот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Сподели на Facebook
пати видено