На петтото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ перформанс во живо со песок ќе изведе шпанската авторка позната под прекарот „волшебни раце“, Диди Родан. Настанот ќе се одржи на 8.11 (недела) во 19.30 часот во Кино Фросина, МКЦ.

Станува збор за техника во која Диди комбинира неколку од своите уметнички интереси: театар, музика, и се разбира, цртање. Откако започнала да работи на овој начин, таа минува часови затворена во темна соба, обликувајќи ги ликовите од песок со кои создава невeројатни и фантастични приказни. Талент што произлегува од нејзините прсти во песочни форми, фасцинантни за секој набљудувач. Венецуелката Нидиа Морос во овој перформанс го дава својот глас за комплетирање на илузијата која jа создава Диди Родан.

Билетите за овој настан чинат 100 денари и можат да се набават на билетара на МКЦ.

slika 6

12043133_604298726340354_7407461894981404232_n

slik 3

slika 5

slika 4

slika 1

animax-poster

www.animaxskopjefest.mk

Сподели на Facebook
пати видено