По анонимна дојава, полицијата го спасила киднапираното 7-месечно девојче и го уапсила нејзиниот татко во автомобил во Северна Каролина, скоро два дена откако го киднапирал девојчето од нејзината мајка, претејќи ѝ со нож.

„Ема Греј Кенеди имаше голема насмевка на лицето како и нашиот заменик“, изјавиле од полицијата. Нејзиниот татко, 51-годишниот Карл Кенеди, бил уапсен откако по него била издадена потерница.

ФБИ, Тајната служба и Канцеларијата на Шериф Каунти биле вклучени во потрагата. Карл немал старателство над Ема.

Властите соопштиле дека тој е регистриран како сексуален престапник во Ашеборо, Северна Каролина. Карл пред инцидентот само што излегол од затвор со кауција од 250.000 долари за дистрибуција на дрога и требал да се појави на суд за овие обвиненија.

Мајката на Ема вели дека била со Карл три години, а врската била насилна, но никогаш не повикала полицијата, бидејќи се плашела за безбедноста на нејзиното семејство.

Сподели на Facebook
пати видено