Селани спасиле мало слонче од бунар, откако неговата мајка цела ноќ стоело крај него. Младечнето паднало во бунарот во изградба кога стадо од 60 слонови минувале низ областа Рамгарт во Индија. Цела ноќ слоницата трубела обидувајќи се да го извлече своето малечко.

sl01 sl02

Со неа останале и група слонови. Цела ноќ останале будни и селаните од селото Сутри, молејќи се слоновите да се вратат во блиската шума, без да причинат голема штета. Кога се разденило, луѓето почнале да се собираат кај бунарот, а мајката мирно се повлекла кон другите слонови зад грмушките во близина.

sl03 sl04

Неколкумина добродушни луѓе решиле да помогнат. „Исековме неколку бамбусови трски и ги ставивме во близина на бунарот за да ги спречиме слоновите доколку тргнат кон нас“, раскажува Лакра Махто, еден од селаните. „Спуштивме неколку трски и кај слончето, за да му помогнеме да се одржи над водата додека да дојдат од шумската полиција.“

Три часа подоцна пристигнала службата со багер, и ја порамниле земјата околу бунарот, по што младенчето можело да излезе на безбедно.

Сподели на Facebook
пати видено