Полицијата од Линколншир, Англија примила повик од 16-годишно девојче, кое се водело како исчезнато. Девојчето им кажало дека е силувано и дека моментално е сѐ уште со нејзиниот напаѓач, но не ја знае точната локација каде се наоѓа.
Таа успеала само да им објасни дека се работи за напуштена индустриска зона каде што има многу висока ограда. Полицијата веднаш пратила беспилотно летало (дрон) со вградена термална камера на една таква локација и дронот успеал да ги лоцира девојчето и силувачот за само неколку минути.
Полицијата уапсила маж во 30-тите години и објавиле видео за тоа како дронот ги пронашол со помош на термалната камера. Претходната недела бил пронајден исчезнат човек со деменција во мракот со помош на беспилотното летало.