Кога млад и надежен уметник има горлива желба да создаде нешто, не дозволува да биде обесхрабрен од недостатокот од материјали. Точно тоа ми се случи и на мене кога почнав да изработувам минијатури. Употребував сѐ што ќе ми дојдеше до рака: алуминиумска фолија, спојувалки, пластични прачки, стиропорни табли, кафе…сѐ што отвораше некаква можност.

Роден сум во Карбала, околу 100 километри од Багдад и детството го поминав со мајка ми и тетка ми. Татко ми беше затворен како дисидент од страна на режимот на Садам Хусеин, па така барав утеха во мојата уметност и во читањето. Приказните кои ги читав како да оживуваа и како што се развиваа си ги замислував во главата. Мојот прв компјутер го купив кога имав 16 години и почнав да барам софтвер за 3D визуелизација.

Кога почнав да правам минијатури, за тоа не знаев ништо. Пребарував на интернет за извори и налетав на зборот „минијатури“ и се изненадив од тоа колку има уметници кои се занимаваат со ова. Почнав да барам упатства и моите дела ги објавив на Фејсбук. Мојата работа го привлече вниманието на многу луѓе насекаде од светот и за кратко време се здобив со над 2.000 пријатели и следбеници.

mn01

mn02

mn03

mn04

mn05

mn06

mn07

mn08

mn09

mn10

mn11

mn12

mn13

Сподели на Facebook
пати видено