Јас сум Томас Дамбо, уметник од Данска. Секој ден собирам отпадно дрво и други материјали во мојот роден град Копенхаген, и од сето тоа создавам најразлични скулптури. Навистина сакам да работам со отпадно дрво. Го има насекаде во толкаво количество, што би можел да направам што и да посакам. Се надевам дека моите скулптури ќе ги инспирираат другите да почнат да рециклираат.