Првите соседи можат да ви станат најдобри пријатели или пак најголеми непријатели. Понекогаш не можете да знаете во кој правец ќе се одвива овој однос. Џејсон Виндус, од Санта Роса, Калифорнија си изградил висока ограда, затоа што чувал кучиња во дворот и не сакал да избегаат или пак да им направат проблеми на соседите.
Сепак овој добронамерен потег, според Џејсон, не им се допаднал на соседите и тие решиле да го пријават. Тогаш Џејсон имал две опции: да ја скрати оградата или да плати казна. Човекот ја одбрал првата, но решил да им ја врати „добрината“.
Оригиналната висина на оградата била 180 сантиметри, а Џејсон ја скратил на 90, со ова соседите имале целосен поглед во неговиот двор.
Исто така им подготвил комична одмазда така што поставил 5 голи кукли, кои изгледаат како да имаат забава во дворот. Куклите привлекле големо внимание, не само од соседите, туку и од минувачите.
Џејсон вели дека доколку не ја скратил оградата ќе требал да плаќа казна од 500 долари секој ден, додека не го направи тоа, а шегата со куклите била наменета за соседот кој сакал да си го пика носот каде што не му е место.
Исто така освен куклите изреволтираниот човек поставил и знак на кој пишува: „Резервирано место за љубопитниот сосед кој се жалеше за мојата ограда на градот“
Џејсон вели: „Штом толку многу сакал да ја скратам оградата за да види што имам во дворот, сега може слободно да го стори тоа.“